Машки карактеристики кои ги привлекуваат жените

Ако ги поседувате овие карактеристики тогаш имате потенцијал да станете новиот Казанова…

Мажите постојано се обидуваат да дојдат до одговорите, што жените сакаат и што барaат кај мажите. Затоа и често се трудат да менуваат фризури, да го освежуваат својот стил и да ги менуваат парфемиte за да привлечат внимание кај женската популација. Но, факт е дека тоа не се битните работи на кои треба да посветат внимание.

Направено е мало истражување, од неколку различни анкети кои се занимавале со оваа тема и дојдено е до главните машки карактеристики кои ги привлекуваат жените.

Еве за што станува збор:

  1. Дебели веѓи и коцкаста брада

Ако сте машко кое ги чупка и истенчува веѓите, тогаш нема да ги воодушевите припадничките на понежниот пол, затоа што жените кажале дека сакаат машки кои имаат дебели веѓи и коцкеста брада. Тие велат дека мажите со овие карактеристики изгледаат маженствени и силни.

  1. Брада

Многумина мислат дека жените сакаат свежо обричени машки, но жените кажале дека мажите со пуштена брада се најатрактивни.

  1. Белези

Ако имате белези од кои се срамите, ова ќе ве натера да го промените мислењето, затоа што жените рекле дека мажите со белези се секси и делуваат силно и маженствено.

  1. Возраст

Анкетите покажале дека голем број од жените сакаат да бидат во врска со постари мажи.

  1. Црвена облека

Истражувањата покажале дека машките се најпривлечни кога носат црвена облека, а жените тоа и го потврдиле. Затоа секогаш трудете се да имате црвена кошула, маичка или машна во својот гардеробер.

  1. Музикалност

Ако сте музикални, знаете да пеете или свирите некој инструмент, тогаш сте на чекор да станете Казанова, затоа што девојките кажале дека паѓаат како луди на машки кои го имаат овој талент.

  1. Смисол за хумор

Сите жени сакаат да се смеат и обожаваат мажи кои можат да ги насмеат. Ако сте некој кој имате комична душа и кој постојано се шегува , ќе бидете одлично прифатени од жените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот