Машинскиот персонал бара да се почитува Законот за плати, во спротивно штрајк

Фото: МИА

Доколку не се испочитува  Законот за исплата на плата, поточно до 25-ти во месецот, на 26 во тековниот месец со почеток во 07:00 часот  машинскиот персонал нема да ги извршува работните задачи, сооопшти денеска Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија.

Во известувањето потпишано од претседателот на НСМПМ Душко Чакаровски се наведува дека ваква одлуката и барања се донесени денеска од целокупниот машински персонал на ЖСРМ Транспорт АД Скопје.

-Бараме да ни се одобрат парични средства за набавка на резервни делови за локомотивите за да можеме тековно да работиме. Заради недостиг на струичен кадар во друштвото, поточни машински персонал, потребно е итно вработување заради уредно и безбедно одвивање на железничкиот сообраќај. Бараме навремена и точна информација за начинот на приватзиација на друштвото, стои во известувањето, адресирано  до Владата, Министерството за транспорт и генералниот директор на ЖРСМ.

Како што појасни за МИА Чакаровски, исплатата на платата во железничкото претпријатие доцни втор месец, а за утре очекуваат исплата на вториот дел од октомвриската плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот