Масакрирани десет цивили во Конго

Фото: PressTV

Десет лица се убиени во текот на ноќта во источните региони на Демократска Република Конго, каде масакрите врз цивили од страна на бунтовниците предизвикаа протести против миротворците на ОН, изјавија претставници на локалните власти.

Француските медиуми пренесуваат дека десетте цивили се убиени во селото Каманго.

И тоа се случува само еден ден откако 22 други беа убиени во Нтомби, изјави денеска администраторот на територијата, Бени Донат Кибуана.

-Не беа ни погребаните убиените 22 лица од Нтомби, а веќе се убиени други цивили во Каманго, изјави тој.

Досега во мртовечницата се однесени десет трупа.

За најновиот напад лидерот на локалната заедница во округот Ваталинга, Паскал Саамбили, ги обвини Сојузните демократски сили (СДС), милиција обвинувана за убиства на стотици цивили.

-СДС се изживуваа врз цивилите во текот на ноќта во Каманго. Убиствата ги сторија со мачети и пиштоли. Досега откривме 10 тела, а има и девет ранети, изјави Саамбили.

Фаустин Басвеки, кој раководи со асоцијацијата за млади луѓе во  Каманго, изјави дека бил сведок на масакрот.

-Кога војниците пристигнаа, терористите дадоа наредба да се повлечат и да го напуштат Каманго, говорејќи на киганда јазикот. Тоа е јазик што се зборува во соседна Уганда, чија  граница се наоѓа на 15 километри од местото, рече тој.

СДС е милиција чии историски корени се во Уганда и џихадизмот, а е активна во источните региони на ДР Конго, особено по војните во Конго во 90-те години на минатиот век.

Групата од 2014 година досега убила над 1.000 цивили, покажуваат резултатите на Истражната група за Конго (CRG).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот