Масакр за Курбан бајрам во Авганистан: Убиени 15, повредени 80 цивили

Повредените во екплозијата чекаат медицинска помош / , Авганистан / Фото: EPA-EFE/JALIL REZAYEE

 Најмалку 15 цивили загинаа, а 80 се повредени во пакистански граничен артилериски оган, соопштија авганистанските власти, додавајќи дека Кабул поради тоа ги ставил во подготвеност своите копнени и воздушни сили.

Артилерискиот оган следувал по судирите меѓу пакистанските и авганистанските безбедносни сили на затворената граница Чаман-Спин Болдак, каде толпа луѓе од обете страни чекале да ја преминат границата поради муслиманскиот празник Курбан-бајрам.

Доколку пакистанската армија продолжи со ракетни напади на авганистанска територија, таа ќе се соочи со одмазда на авганистанската армија, се наведува во соопштението на авганистанското Министерство за одбрана.

Херат, Авганистан / 31 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/AHMADULLAH AHMADI

Гувернерот на југоисточната авганистанска провинција Кандахар, Хајатулах Хајат изјави дека гранатите паднале во станбените области на Спин Болдак и дека меѓу загинатите и повредените има жени и деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот