МАСАКР ВО РУСИЈА: Го убедила момчето да ги убие нејзините родители, а тој без збор ја спровел нејзината сурова наредба

Фото: Илустрација

Инспекторите во Русија започнаа истрага за случајот во кој со нож беше прободен 50-годишен жител Липецката област и неговата 48-годишна жена, пренесе српски „Курир“, повикувајќи се на руските медиуми.

Според инспекторите, нападот го извршило 22-годишно момче на барање на неговата 15-годишна девојка. Девојката детално ги испланирала сите детали на убиството на нејзниот татко и маќеа. Осомничениот е задржан во притвор.

Локалните медиуми пренесуваат дека тие се договориле тој да дојде во нејзината куќа и со нож да изврши напад врз нејзиниот татко и маќеа.

Ноќта на 28 октомври 2019 година, тој земал нож и стигнал во куќата во која живееле жртвите. Тинејџерката му отворила еден прозор од куќата и се сокрила во тоалетот. Момчето не чекало родителите да заспијат, па жената која стоела во ходникот повеќе пати ја удрил во градите.

Потоа напаѓачот излегол на улица, каде девојката успеала да го убеди татко ѝ да излезе. На прагот на куќата, осоминчениот неколку пати со нож во грбот го прободел 50-годишниот маж. По настанот, двајцата избегале од локацијата, а ножот го оставиле на патот.

Самиот осомничен ја повикал екипата на Брзата помош. Лекарите ја констатирале смртта на жената, а сопственикот на куќата е префрлен во болница. Истрагата е во тек, а 22-годишното момче и 15-годишната девојка треба да се појават пред судот за настаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот