Масакр во Рио де Жанеиро: Пронајдени седум трупови во канал, нафрлани еден врз друг и со знаци на мачење

Жителите на едно предградие на Рио де Жанеиро денеска пронајдоа трупови на најмалку седум лица во одводен канал/ Фото: ЕПА

Жителите на едно предградие на Рио де Жанеиро денеска пронајдоа трупови на најмалку седум лица во одводен канал, соопшти бразилската полиција.

Телата се откриени по престрелка помеѓу наркоклановите.

Телата се пронајдени во близина на фавелата Салгуеро, во градот Сао Гонсало, сиромашен регион, кој е поширок дел од Рио де Жанеиро.

Телата се фрлени во каналот, со видливи знаци на мачење. Нафрлани се едно врз друго. Ова очигледно бил масакр.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот