Масакр во Нигерија: Бандити запалиле автобус полн со патници

нигерија изгорено комбе/автобус
Нигерија, изгорено комбе/автобус / Фото: Твитер

Неколку десетици луѓе биле убиени во Нигерија кога бандити вчера запреле и запалиле полн автобус.

Сануси Абубакар, претставник на полицијата во северозападната провинција Сокото, изјави дека нападот го извршиле вооружени бандити од неидентификувана група. Од 24 луѓе запалени во автобусот, седуммина успеале да побегнат и со тешки повреди биле згрижени во болница.

Но, двајца локални жители што помогнале да се отстранат телата на загинатите изјавиле за Ројтерс дека во автобусот имало останки од најмалку 30 луѓе, вклучувајќи жени и деца.

Сведоци на нападот изјавиле дека вооружени бандити на мотоцикли поставиле заседа кај местото Гидан Бава и, откако го запреле автобусот, го запалиле со сите патници во него.

Разни групи бандити со години наназад поставуваат заседи на патиштата во руралните делови на Нигерија за да убијат или грабнат цивили, а потоа бегаат во бази низ шумите, каде што се недостапни за силите за безбедност. Во северните делови на Нигерија стотици ученици биле грабнати од бандити, кои бараат високи суми за откуп на нивните животи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот