МАСАКР ВО КОЛУМБИЈА: При одмазда убиени пет домородци, а шест се повредени

Колумбиска полиција/ Фото: МИА

Петмина припадници на домородно племе се убиени, а шестмина повредени во колумбиското место Такуејо, соопшти војската на Колумбија.

Според првичната истрага, масакрот се случил како одмазда за заробувањето на тројца припадници на поранешните Револуционерни вооружени сили на Колумбија.

Домородците биле нападнати од мажи во црно возило, кои отвориле оган и кон возилото на Брза помош, кое дошло за да им помогне на повредените, соопшти Здружението на домородни совети на Северна Каука.

Десетици домородни водачи беа убиени по потпишувањето на историскиот мировен договор во Колумбија во 2016 година, бидејќи нелегалните вооружени групи и дисиденти сакаат контрола над поранешната територија на бунтовниците и профитабилните патишта со дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот