Масакр во југозападна Колумбија: Седуммина убиени и четворица ранети

Фото: curacaochronicle.com

Седум лица загинаа, а четворица се ранети во напад што се случи вчера во југозападна Колумбија, соопштија локалните колумбиски медиуми, пренесе агенцијата ДПА.

– Седум млади луѓе беа масакрирани со гранати и истрели од огнено оружје, изјави сенаторот Темистокле Ортега за радиото „Каракол“.

Нападот се случил во местотот Мунчике, во југозападната држава Каука.

– Немате алтернатива во Каука, рече Ортега, додавајќи дека оние што живеат таму се „изложени на криминал од сите видови”.

Портпаролот на колумбиската армија, Марко Винисио Мајорга, изјави дека злосторството „првично му се припишува” на фракцијата на Хаиме Мартинез, која произлезе од демобилизацијата на герилското движење ФАРК во 2016 година и која сега дејствува во оваа област, појаснува германската агенција.

Народниот правобранител на Колумбија на Твитер ги осуди настаните во Каука: „Итно треба да го искорениме насилството што влијае врз правата и постојано ги загрозува животите на Колумбијците”.

Во оваа латиноамериканска држава само годинава загинаа повеќе од 240 лица во 60 масакри – дефинирани така бидејќи во нив биле убиени најмалку три лица, наведува невладината организација „Индепаз“, која го следи насилството.

Според оваа невладина организација, нападот во Мунчике е 11. овој месец, потсетува ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот