„Масакр“ по фарми поради појава на птичји грип: Јужна Кореја уништи 6,1 милиони живина

Фото: EPA/LECH

Јужна Кореја уништи 6,1 милиони живина како дел од мерките за ограничување на ширењето на високо патогениот птичји грип Х5Н8, откако беа потврдени 18 случаи на вирусот на фармите во  земја, соопшти корејското Министерство за земјоделство, храна и рурални прашања.

Како што објави агенцијата Јонхап, уништени се четири милиони кокошки и 1,2 милиони потполошки, во согласност со законот на земјата, според кој живината што е изложена на вирусот во радиус од три километри од фармите мора да се уништи.

На крајот на октомври, азиската држава регистрираше нови случаи на грип Х5Н8 кај диви птици, првпат од 2018 година. Досега се откриени 29 случаи на грипот кај диви птици.

Покрај Јужна Кореја, неодамна е потврдена појава на птичји грип и во Јапонија, во Велика Британија, во Холандија, во Германија и во Белгија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот