Масакр како од хорор филм: Во Србија жена го исекла сопругот со моторна пила додека спиел

Фото Фејсбук

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Зрењанин, Србија, ја уапсија четириесет и шестгодишната Тереза ​​Периќ која синоќа во семејната куќа во српскиот град Зрењанин, со моторна пила го исекла својот сопруг Срѓан Периќ додека спиел.

Според првичните информации, сопругата најпрвин го избодела со нож сопругот а потоа, како што се наведува, го исекла со моторна пила.

Куќата каде било извршено убиството, Фото: Телегарф.рс

Соседите, иако се уште не е потврдено, тврдат дека на овој монструозен чин присуствувало едно од трите деца кои осомничениот ги има од првиот брак.

Тие изјавија и дека сопругот на осомничената никаде не работел и дека наводно живееле од социјална помош и од помошта која ја добивале од Црвениот крст.

„Ги познавав од видување, бидејќи неодамна се преселив овде. Навистина не знам што се случило, некои велат дека било семејно насилство и дека на жената очигледно и дошло преку глава, изјавила една жена од соседството за српските медиуми

Телото на убиениот е однесено на обдукција, а полицијата доцна синоќа спроведе истрага, додека осомничената Тереза ​​е уапсена и ѝ е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде изведена пред Вишото обвинителство во Зрењанин.

Конечниот одговор кој бил мотивот за убиството, надлежните ќе го дадат по завршување на истрагата.

Полицијата освен што потврди дека се случило ова страшно злосторство, не соопштува други детали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот