Mас за шпионската афера во Бугарија: Тоа е напад врз суверенитетот на државата

Фото: EPA-EFE/KATIA CHRISTODOULOU

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас го коментираше случајот со шпионската руска мрежа во Бугарија и според него, тоа е напад врз суверенитетот на една земја и не може да остане без последици, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија.

– Затоа поддржуваме се што ќе одлучи бугарската влада, нагласи Маас на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО во Брисел.

– Се почесто станува за нас во Германија да станеме мета на кибер напади, дезинформации и шпионажа. Затоа покажувам големо разбирање и солидарност кога гледам дека Бугарија се спротивставува на ова со средствата што ги имаме на располагање во дипломатијата, додаде германскиот министер за надворешни работи.

Претходно, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така, зборуваа за шпионскиот скандал во Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот