Мас: Северна Македонија ќе го најде својот пат кон ЕУ преку соработка и компромис

Северна Македонија ќе го најде својот пат кон Европската унија преку соработка и компромис, преку демократија и владеење на правото, порача денеска шефот на германската дипломатија Хајко Мас по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Северна Македонија е дел од Европа. Ќе продолжам да работам кон преговорите за пристапување кон ЕУ. Мора да ги почитуваме достигнувањата Северна Македонија ќе го најде својот пат во преку соработка и компромис, преку демократија и владење на правото, објави германското МНР на твитер по средбата на Мас со Димитров.

На средбата разговарале околу надежите на нашата земја да почне пристапни преговори.

Ставот на германскиот министер е позитивен и најави дека ќе се залага за почеток на преговорите.

– Не гледам воопшто никакви пречки за почеток на преговорите со Северна Македонија. Она што беше сторено во реформскиот процес е забележително. Предусловите за почеток на преговорите се исполнети и затоа се залагаме за нивно започнување – како во Бундестагот, така и кај нашите партнери во ЕУ, рече Мас.

Министерот Димитров, на заедничката прес-конференција, изрази благодарност за поддршката од германскиот колега.

– Како нација одлучувме да продолжиме напред. Да изградиме функционална демократија во срцето на Балканот, во нашата земја Северна Македонија. Ова е препознаено во извештајот на Европската Комисија и одлуката на Советот беше одложена за октомври. Влогот е голем, за земјата, за регионот и за ЕУ. Пораките испратени до нас, исто така се однесуваат и на регионот. Дали вреди решавањето големи и тешки прашања и дали вреди инвестирањето во реформи, изјави Димитров.

Германскиот парламент во јуни годинава требаше да расправа за извештакот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија и Албаниај и ја одложи за септември-октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот