Мас: САД многу бавно се справуваа со пандемијата

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска го критикуваше справувањето на САД со пандемијата на коронавирус оценувајќи го како премногу бавно.

Мас изјави за „Шпигел” дека Кина презела „многу авторитарни мерки”, додека во САД долго време се потценувала опасноста од вирусот.

– Тоа се две крајности, а ниту една од нив не може да биде модел за Европа, рече Мас.

Тој изрази надеж дека САД ќе ги преиспита своите меѓународни односи во овој период.

Германија е една од земјите што минатата недела ги обвини САД за тактиката „див запад” при преземање или блокирање на клиентите кои веќе склучиле договори за добивање основни медицински залихи за борба против новиот вирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот