Мас: Одлуката на Бундестагот е важен сигнал

Бундестаг
Бундестаг / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас ја поздрави одлуката на Бундестагот да даде зелено светло за старт на преговорите за членство на Македонија и на Албанија во ЕУ.

Мас оцени дека поддршката од германскиот Бундестаг за отворање на преговорите со Скопје и Тирана е важен сигнал, пренесе Дојче веле.

– Одлуката го подвлекува значењето кое Западниот Балкан го има за ЕУ. Истовремено јасно се става до знаење дека реформите се ценат. Обете земји мораат да ги продолжат реформските напори, за да го продолжат патот кон ЕУ. Јас сум убеден дека условениот пристап на Бундестагот ќе убеди и други во ЕУ да го одобрат почетокот на преговорите – изјави германскиот министер за надворешни и работи Хајко Мас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот