Мас најави посета на Србија и Косово

German Foreign minister Heiko Maas gives a joint press conference with President of Commission Jean Claude Juncker (unseen) after their bilateral meeting on April 13, 2018 at the EU headquarters in Brussels. / AFP PHOTO / JOHN THYS (Photo credit should read JOHN THYS/AFP/Getty Images)

Tој додаде дека покрај „тешката и комплексна” ситуација, регионот сега е погоден и од нов бран на пандемијата со Ковид-19.

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска оцени дека има напредок во продолжување на Дијалогот Белград – Приштина и најави дека ќе ги посети Србија и Косово.

– Jасно ми е дека морам да ги посетам Србија и Косово и да испратам силен сигнал дека Дијалогот за нас е приоритет, изјави Мас, претставувајќи гi приоритетите на германското претседавање со Советот на Европска Унија пред Надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент во Брисел.

Tој додаде дека неодамна во Берлин се сретна со специјалниот претставник на ЕУ за Дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, при што истакнал дека Германија останува посветена на Дијалогот и најави ангажман на ЕУ во разговорите.

– Станува збор за земји кои сакаат европска иднина и не би требало да дозволиме да побегнат од нас, а знаме дека други имаат интерес да влијаат врз тој регион, предупреди Мас.

Tој додаде дека покрај „тешката и комплексна” ситуација, регионот сега е погоден и од нов бран на пандемијата со Ковид-19.

Мас истакна дека Германија ќе се труди до крајот на своето претседавање со ЕУ, до крајот на годината да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија, но изрази сомневање дека е истото можно и со Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот