Мас: На одредени земји-членки на ЕУ треба да им биде одземено правото на вето

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска изјави дека на одредени земји-членки на Европска Унија треба да им биде одземено правото на вето.

– Повеќе не можеме да бидеме заложници на оние кои преку своето вето ја парализираат европската надворешна политика. Тој што го прави тоа, си игра со единството на Европа на краток или долг рок. Затоа отворено кажувам: ветото мора да се укине, истакна Мас.

Тој, за време на средбата со шефовите на германските дипломатски мисии, истакна дека ЕУ мора да се залага за зачувување на глобалната економија и слободна трговија во светот, спротивставувајќи се на протекционистичките тенденции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот