Мас: Ќе биде многу подобро под водство на Бајден, но нема сè да се промени

Фото: EPA-EFE/CLAUDIO BRESCIANI SWEDEN OUT

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас изјави дека нема сè да се промени под водство на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, но дека ќе биде многу подобро.

Тој за германската телевизија „Дојчландфунк“ оцени дека расправата за трошење пари за одбрана во рамките на НАТО нема да се промени, туку дека ќе се спроведе на поинаков начин.

Според Мас, расправата за трошоците за одбрана нема да биде толку во фокусот на Бајден.

Американскиот претседател Доналд Трамп честопати ја критикуваше Германија поради тоа што не ги зголеми трошоците за одбрана на два проценти во рамките на НАТО алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот