Мас: Иран да ја прифати дипломатската понуда од Запад

Шефот на германската дипломатија, Хајко Маас, вчера го повика Иран да го прифати дипломатскиот совет што доаѓа од Западот, за да се зачува нуклеарниот договор од 2015 година.

Тој го обвини Техеран за натамошното прикривање на транспарентноста што од Иран се бара според договорот, откако Исламската република од вторникот почна да им забранува на меѓународните инспекции да ги посетуваат нуклеарните постројки, пренесуваат американските медиуми.

„На крајот Иран ќе мора да сфати дека е важно да се смират тензиите и да се прифати понудата за дипломатското решение, што е на маса, вклучувајќи го и тоа од САД“, рече Маас.

Кршењето на договорот претставува сериозен проблем за американскиот претседател Џозеф  Бајден, кој сака да ја поништи одлуката на неговиот претходник Доналд Трамп, кога САД еднострано го напуштија  договорот со Иран, а Вашингтон воведе економски санкции против земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот