Мас: Германија ќе се посвети на визната либерализација за Косовците што е можно поскоро

Фото: EPA-EFE/KATIA CHRISTODOULOU

Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас рече дека Владата на Германија ќе продолжи да се залага за визна либерализација за граѓаните на Република Косово.

Мас рече дека ова како важна тема за Косовците било разговарано и за време на средбата со претседателката, Вјоса Османи.

Тој го искажа ставот на владата на неговата земја, каде рече дека ќе се заложат за визна либерализација што е можно поскоро.

„Разговаравме и за она што е важно за граѓаните на Косово, за визите, и реков на претседателката дека ставот на германската Влада е јасен дека Косово исполнило сè и треба да се либерализира, не станува збор за ’исполнување на критериумите но и што ЕУ ќе го исполни ветувањето, ние ќе се заложиме да се реализираме што е можно побрзо за Косово“, рече Мас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот