Мартин Скорсезе ќе прими награда на „Palm Springs International Film Festival“

Profimedia

Мартин Скорсезе и неговиот филм „The Irishman“ ќе бидат наградени на Меѓународниот филмски фестивал во Палм Спрингс, на почетокот на наредната година, пишува variety.com.

Познатиот режисер ќе ја прими наградата Sonny Bono Visionary Award. Претседателот на фестивалот, Харолд Матзнер, во објаснувањето напишал дека новиот филм на Скорсезе е „едно од неговите најдобри остварувања со извонредна изведба на Роберт де Ниро, Ал Пачино и Џои Песциа“.

Profimedia

„Мартин Скорсезе режираше ново ремек дело во светот на организираниот криминал во филмот „The Irishman“ кој ја постави епската приказна за убиецот Френк Ширан“, повторил тој.

Profimedia

Претходни добитници на наградата Sonny Bono Visionary Award се Алфонсо Куарон и Квентин Тарантино.

Profimedia

Исто така Хоакин Феникс, Шерлиз Терон и Рене Зелвегер исто така ќе примат награди на Филмскиот фестивал во Палм Спрингс за својот труд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот