Мартин: Ѓоковиќ игра подобро од кој било во историјата!

tviter

Според легендарниот американски тенисер, Србинот е цврст како „ѕид од цигли“ во најтешките моменти…

Приказната околу „големата тројка“ и за тоа кој е најдобар тенисер на сите времиња ќе трае и кога ќе ја завршат професионалната кариера, освен доколку не се појави ново „чудо“ на терените.

Едноставно, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер се шампиони во најдобрата ера која тенисот ја имаше и која ќе ја има во иднина.

Според легендарниот американски тенисер Тод Мартин има пофални зборови за првиот светски рекет Ѓоковиќ.

Играта на Федерер е естетски најпривлечна во историјата. Ја одушевува публиката со сервисот, со својот ритерн, во нападот и одбраната, сето тоа што го прави на теренот е преубаво. Но, доколку е во права форма, Ѓоковиќ според мене е човекот кој најтешко може да биде совладан. Доколку се чувствува пријатно, доколку има самодоверба и физичка форма кои му дозволуваат да биде концентриран, неговата игра е подобра од која било друга. Атлетски е неверојатен, како да „не е од овој свет“. Моето мислење е дека Ѓоковиќ тенисот го игра подобро од кој било во историјата. Соработував со него и знам каков менталитет има. Цврст е како „ѕид од цигли“ во најтешките моменти – рече Мартин.

Тод Мартин во 1994 година играше финале на „Австралија опен“ и претрпе пораз од Пит Сампрас (САД) со 3:0 во сетови, а пет години подоцна со 3:2 во завршната борба за трофејот на „УС Опен“ загуби од Американецот Андре Агаси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот