Мартија Станојковиќ ни откри што прави во самоизолација: Најтешко и паѓа… (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Пандемијата на коронавирусот го промени животот на целата наша планета и поради тоа повеќето од нас сме веќе со недели или месеци затворени во своите домови и ги слушаме препораките на здраствените власти. 

Факт е дека никој од нас не е навикнат со недели да седи во карантин, но кога се работи за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, тогаш немаме избор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martija Stanojkovic (@martijastanojkovic) on


Нашите познати личности во земјата постојано преку нивните социјални мрежи повикуваат да останеме дома и да ги почитуваме препораките.

„Слободен печат“ разговараше со младата пејачка Мартија Станојковиќ за тоа како го поминува времето во изолација.

– Обично почнувам со пишување на домашно за училиште, потоа гледам серија и ручам. Но ако сум многу изморена знам и да заспијам околу три часот на пладне. И толку… (Се смее).

С.П. Што ти недостига највеќе од секојдневието кое го имавме пред коронавирусот?

– Јас сум човек кој што сака нон-стоп да е околу луѓе. Многу ми е тешко што не можам да си ја одржам секојдневната кафе-шема со пријателите.

С.П. Каква поука треба да извлечеме после се ова?

– Здравјето е нешто за кое што секој жив човек треба да го има како приоритет во животот. Здравјето е причината поради која што ние сме живи. Поради тоа, и сезонскиот грип мора да го сфатиме сериозно бидејќи и тој може да биде смртоносен. Заштита и хигиена е нешто што секој треба да го применува секојдневно. Сите иднината ја замислувавме со „спејшипс“ и не знам уште какви чуда, но ете, ние ни рацете не сме знаеле да ги измиеме соодветно. Најверојатно треба да научиме да се грижиме за себе подобро.

С.П: Што ќе направиш првиот ден кога ќе ни кажат дека може да се вратиме на секојдневниот живот?

– Ќе искочам со друштво и најверојатно ќе идеме на некое „журче“.

 С.П. Кој филм го препорачуваш на твоите пријатели, обожаватели, колеги да го погледнат овие денови?

– Гледајте го филмот „Annihilation“. До сега ми е фаворит. А серија, мистериозна и долга, таман да не ви е досадно, „Orphan Black“.

 С.П. Каква музика слушаш периодов?

– Редовно си слушам македонска музика, особено Два Бона.

С.П. Омилена храна која ја приготвуваш откако си дома?

– Секаква, буквално секаква. Вчера зготвив таљатели со сос од брокула и пилешко. Денес едноставно зготвив нудли поради тоа што не ми се готвеше нешто покомплицирано. Се зависи до моментот, што ми се јаде.

С.П. И за крај што би препорачала на нашите читатели?

– Едноставно седете дома, уживајте со семејството, таквите моменти не можат да се купат. И бидете креативни. Еден топол бакнеж од Мартија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот