Мартело: Ситуацијата со мигрантите е нерешлива, ќе воведам вонредна состојба во Лампедуза (ФОТО)

epa08389676 Part of a group of 100 migrants - 49 men, 44 women and 7 minors - sit in a boat as they arrive n front of the port authority, at the port of Lampedusa, Sicily, southern Italy, 28 April 2020. EPA-EFE/STRINGER

Градоначалникот на Лампедуза, Тото Мартело, денеска изјави дека ситуацијата со мигрантите на островот е нерешлива и најави дека ќе прогласи вонредна состојба.

На италијанскиот остров Лампедуза, со околу 6.300 жители, во моментов престојуваат 1.027 мигранти, што е десет пати повеќе од капацитетот за прифат – 95 лица, јавуваат италијанските медиуми.

Група мигранти седат околу дрво на плажа откако пристигнаа во Лампедуза, јужна Италија, 24 јули 2020 година/ Фото: EPA-EFE/CONCETTA RIZZO

-Ситуацијата стана нерешлива. Доколку владата не го стори тоа, јас ќе прогласам вонредна состојба, рече градоначалникот Мартело.

Во последните 24 часа во Лампедуза пристигнаа повеќе чамци со вкупно 203 лица од Тунис, јавуваат локалните медиуми.

 26 мигранти пристигнаа на пристаништето Лампедуза, Сицилија, Италија, 12 март 2020 година. Мигрантите беа ставени во карантин во прифатниот центар на островот по наредба на градоначалникот Мартелло/ Фото: EPA-EFE/RED

Италијанскиот весник „Месаџеро” наведува дека меѓу мигрантите има 25 заразени со коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот