Марсијал, Мегваер и ВАР му донесоа победа на Јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед во последниот натпревар од 26. коло во Премиер лигата славеше со 0:2 на „Стемфорд бриџ“ против Челси, во натпревар во кој највеќе ќе се зборува за одлуките од ВАР собата.

Победата на Јунајтед му ја донесоа Антони Марсијал и Хари Мегваер. Марсијал погоди за водство на Јунајтед во самиот финиш на првото полувреме по одличниот центаршут на Ван Бисака.

Интересно е што Марсијал стана третиот фудбалер на Манчестер јунајтед кој постигнал гол против Челси во иста сезона и на „Олд трафорд“ и на „Стемфорд бриџ“, по Ерик Кантона и Вејн Руни.

Победата на „црвените ѓаволи“ ја завери Хари Мегваер со својот прв гол во дресот на Јунајтед.

Сепак, победата на Манчестер јунајтед ќе помине во сенка на одлуките од ВАР собата бидејќи на Челси му беа понуштени дури два гола.


Првиот гол на Курт Зума во 56. минутра беше поради прекршок, додека голот на Оливие Жиру беше поништен поради милиметарски офсајд.

Со оваа победа Манчестер јунајтед се врати во игра за освојување на четвртото место, тие со 38 бодови се седми на табелата, додека Челси кој е четвртопласиран има три бода повеќе.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот