Маршал Твито и балканска демократија

Јанша, кого подбивно го нарекуваат „маршал Твито“, ги вознемирува духовите во својата земја и во Европа, користејќи ја нерешителноста на ЕУ силно да ги осуди обидите да се разнишаат темелните постулати на Унијата – транспарентноста, слободата на говорот и демократскиот дијалог

Да послушаше Заев уште пред две години, кога медиумите почнаа да објавуваат документи за кабаетите на тогашниот генерален секретар на Владата, а до пред неколку дена секретар за „што и да е“  Драги Рашковски, најмалку што можеше да направи беше да го отпушти од функцијата. А тој го бранеше. И уште го брани. За Рашковски има истрага и куќен притвор. Ама сега нема да гори само Рашковски. Сега ќе гори и партијата.

Горан Михајловски, новинар

Во последно време веќе ниедна влада на ЕУ-членките не зборува отворено и не ги поткрепува со конкретен вокабулар своите заложби за натамошна поддршка на процесот на проширување на ЕУ, освен што „млаки“ изјави околу тоа повремено можат да се слушнат од претставнци на европската бирократија во Брисел.

 

Надреденоста на прашањето за членство на Македонија во ЕУ над сите други прашања од стратегиски развоен интерес, во изминатите децении е толку многу експлоатирано во јавниот простор така што често се добива впечаток дека македонските политички елити се чувствуваат европски повеќе во смисла на врвниот идеал на оспорениот пат кон зачленување во ЕУ, отколку како чувство на припадност како генеричкото значење на зборот – европски.

Оттаму и сфаќањата кои произлегуваат од постојанто продлабочување на поделбите и конфликтните позиции во македонското оштество, поврзани пред сè сдо идентитеските прашања и историското наследство, кое делумно се манифестира како инфериорен однос и постојана подготвеност за барање болни компромси од македонска страна кон антивропските и антиисториските грчки и бугарски барања за корекција и ограничување на правото на Македонците и македонските граѓани на самоопределување и учество врз рамноправни основи во проектот на европската соработка. Неодамнешниот бугарски меморандум до членките на ЕУ претставуваше само уште една јасна потврда на таквите ригидни позиции.

 

 Без заедничка политика

 

Во последно време веќе ниедна влада на ЕУ-членките не зборува отворено и не ги поткрепува со конкретен вокабулар своите заложби за натамошна поддршка на процесот на проширување на ЕУ, освен што „млаки“ изјави околу тоа повремено можат да се слушнат од претставнци на европската бирократија во Брисел. Сè почесто се слушаат критики дека тврдењата за постојано демократизирање на европските институции е нешто што и понатму е далеку од вистината, бидејќи ЕУ како меѓудржавна организација не функционира како демократија во суштинска смисла на зборот, ниту пак некогаш ќе може да биде оценета како таква. Една меѓународна организација, според мислењето на либералниот белгиски писател Грие Готфриди, е всушност пакт меѓу влади, а со тоа што кон тој пакт се придодава и „Европски парламент“, со мошне ограничени ингеренции, не се менуваат меѓудржавните недоречености и ограничувања во една таква организација.

Германскиот уставен суд пред извесно време ја постави дијагнозата „структурален демократски дефицит“ во ЕУ конструкцијата, токму од аспект на фактот дека Унијата се одржува и функционира пред сè како меѓудржавна организација, во која процесот на донесување одлуки треба да се базира врз принципот на рамноправност на земјите-членки. Развојот на европските институции тежнее кон создавање на претпоставки за мандат што ќе извира врз заедничка европска платформа, како што, на пример, е прашањето за „заедничка европска надворешна политика“, околу која никогаш не е постигнато ништо повеќе отколку празни зборови. Како би можеле да се утврдат принципите на заедничка надворешна политика, на пример, за Португалија, Грција и Естонија? Уште еден пример кој зборува за неможноста да се согледаат такви развојни перспективи е секако и бугарскиот меморандум за преговорите на Македонија со ЕУ, кој наиде речиси на целосен молк од страна на европските влади и на мошне благи реакции од страна на европските институции во Брисел. Бугарија со своето балканско сфаќање на демократијата покажа дека толкувањето на евроинтеграциите и на европската идеја неретко се потпира во принципот на егоизам и национална исклучивост во овој дел на Европа.

Се чини дека подалеку не досегнува ниту „нон-пејперот“ за прекројување на балканските граници на словенечекиот премиер Јанез Јанша, кој и претходно во повеќе наврати не успеа да ги отфрли критиките дека владее сè поавторитарно, дозволувајќи балканскиот модел на демократија да ја заплиснува и Словенија, која поради тоа се доживува како и други посткомунистички општества, кои имаат проблем на недостиг од либерална демократија, при што членството во ЕУ и не помогнало на вистински начин.

Заложбите и стилот на владеење на Јанша предизвика низа остри коментари кои одат на линија да ја доведат Словенија во врска со Унгарија и Полска, односна како трета ЕУ-членка која покажува јасни тенденции во насока на напуштање на демократските правила и принципи. За Словенија, впрочем, беше мошне важно, по распаѓањето на Југославија, да се покаже во светлина на најразвиена од сите републики на поранешната федерација, која одбиваше да се идентификува со подрачјето на Балканот.

 

 Газење темелни вредности

 

Јанша, кого, поради склоноста да објавува на Твитер, според примерот на Трамп, подбивно го нарекуваат „маршал Твито“, со своите постапки и ставови предизвикува воспалени чувства и ги вознемирува духовите како во својата земја, така и пошироко во Европа, користејќи ја – делумно успешно и политички мудро, а делумно и со ароганција кон сите што имаат поианкви мислења и критички гледишта кон неговата влада – нерешителноста на ЕУ и на нејзините најмоќни членки да изразат силна осуда на обидите да се разнишаат и релативизираат темелните постулати врз кои се потпира унијата – транспарентноста, слободата на говорот и на медиумите, отвореноста и демократскиот дијалог.

ЕУ-елитата во однос на некои чувствителни прашања истапува мошне бледо и несигурно, бидејќи во суштина не репрезентира директно ниедна влада, бидејќи не е бирана на директни избори. Но, сега повеќе од кога и да било, се очекува некој да застане цврсто и категорично да се заложи ЕУ да го поврати својот углед како гарант за демократија. Бидејќи, во спротивно, ќе се зголемува бројот на оние што ќе си дозволат, не само да се однесуваат недемократски, туку и да ги газат и карикираат темелните принципи на европскиот мировен пројект, кој е можен и достижен пред сè со вложување на максимални напори за неменување на границите на Балканот, и во Европа.

 

Австрија ѝ порача на Бугарија да заврши отпорот кон Македонија

Македонија е кандидат за пример и сакам јасно да порачам за време на португалското претседателство брзо да се финализираат преговарачките рамки за првата конференција и немам разбирање за тоа дека Бугарија и понатаму блокира, порача Каролине Едштадлер

Видео на денот