Марш за женски права – Држава што не постапува е држава што силува

На 8 март, понеделник, по повод Меѓународниот ден на жената во 15.00 часот ќе започне петтиот Марш за женски права од пред Министерство за внатрешни работи што го организираат платформата за родова сигурност и активистките за женски права. Маршот ќе се одвива под слоганот „Држава што не постапува е држава што силува”.

– Заеднички ќе упатиме порака дека не можеме да бидеме слободни кога сè уште се бориме за нашите работнички права, достоинство и почит, и живееме под закана од насилство и системска дискриминација. Маршираме бидејќи држава што не постапува е држава што силува. Маршираме за поддршка на сите жртви на криминалната група „Јавна соба” и сите жртви на родово засновано насилство. Маршираме за да ги потсетиме институциите, МВР и Јавното обвинителство, дека нема да застанеме додека не ги исполнат нашите барања. Тоа се: ЈО неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба” кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство, кривичен прогон на администраторите на групите, како и на сите членови кои праќале и сѐ уште праќаат фотографии и објавуваат лични податоци на девојки и жени, во Кривичниот законик да се регулира сексуалното вознемирување преку интернет и да се обебеди професионално постапување, помош и поддршка на жртвите на родово засновано насилство од страна на сите надлежни институции – велат организаторките на маршот.

Според нив случајот „Јавна соба“ е шанса за институциите да покажат дека се залагаат за женските права и во пракса, а не само декларативно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот