Марш во молк „И ти може да бидеш пациент” во Гевгелија

Здружението „Changemakers4all” денеска во Гевгелија ќе одржи едночасовен марш во молк „И ти може да бидеш пациент” за подигање на свеста за проблемите и бројноста на пациентите болни од рак во овој регион.

Целта на овој Марш во молк, соопштуваат организаторите, е да биде прв чекор за обележување на активностите кои следуваат.

„Да се отвори посебно здружение кое ќе се посвети исклучиво на оваа ранлива група, да се покрене иницијатива за детектирање на точните причинители за драстичното зголемување на болни од рак во Гевгелија и околината, како и да да се најават сите иницијативи кои ќе бараат ослободување на болните од патни трошоци до медицинските центри за зрачење, снимања, контроли, или барем на порамнување на додатокот за нега со реалните трошоци или евентуално отворање центар за третирање на овие пациенти во овој регион“, информираат од здружението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот