Марш на Еврејската десница во Ерусалим, Палестинците тврдат дека тоа е провокација

Израел знамиња / Фото EPA-EFE/ATEF SAFADI

Израелската десничарска партија денеска ќе маршираа околу источниот дел на Ерусалим, што би можело да предизвика нови конфликти со Палестинците и населението помеѓу Израел и исламистичкиот Хамас во Појасот Газа.

Палестинците овој марш го оценија како провокација, и повикаат на ,,Ден на гневот“ во Газа и Западното крајбрежје, додека Хамас се заканува дека ќе настане конфликт доколку се одржи маршот.

На својот Твитер профил, палестинксиот премиер Мохамед Штајех, предупреди дека маршот може да сноси силни последици доколку тој биде дозволен од страна на израелските власти.

 

Првично маршот требаше да се одржи пред 10 дена, заобиколувајќи го муслиманскиот кварт, но по напнатоста во Ерусалим, Хамас почнаа да го ракетираат Светиот град, по што следеа 11 дена жестоки борби. Израелската влада беше обвинета од страна на десничарите бидејќи со промена на насоката го испуштила Хамас, по што тие направија промена за тоа како ќе се движат протестантите.

Маршот претставува предизвик за новоназначениот израелски премиер Нафтали Бенет, кој во неделата ја превзема должноста да ја води израелската влада.

Палестинците го сакаат источниот дел на Ерусалим, што го вклучува и Стариот Град, како своја престолнина во државата која сакаат да ја основаат на окупираното Западно крајбрежје и Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот