Марселињо не е повеќе тренер на Валенсија – Слободен печат
СпортФудбал

Марселињо не е повеќе тренер на Валенсија

Се очекуваше дека ќе дојде до помирување во текот на репрезентативната пауза, но тоа не се случи, а Лим смета дека може да пронајде подобро решение.

Причината за разделбата не е соопштена, но според шпанскиот печат, одлуката е на претседателот на клубот, Питер Лим, поради конфликт меѓу двајцата и мешање на сопственикот во спортските и техничките работи на клубот.

Марселињо беше на чело на Валенсија од 2017 година, откако двапати ги рангираше „лилјаците” во Лигата на шампионите, а го освои и Купот на Шпанија минатата сезона.

Ова доаѓа непосредно пред важниот дуел во најсилната шпанска фудбалска лига против Барселона (сабота, 21.00 часот).

Се очекуваше дека ќе дојде до помирување во текот на репрезентативната пауза, но тоа не се случи, а Лим смета дека може да пронајде подобро решение.

Поранешниот тренер на младинската репрезентација на Шпанија, Алберт Селадес, се очекува да ја предводи Валенсија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close