Марсел Сабицер до крајот на сезоната во Манчестер јунајтед

Иако имаше шпекулации дека наводно Баерн Минхен ги откажал преговорите со Манчестер јунајтед за Марсел Сабицер, ќе му се оствари желбата на австрискиот репрезентативец да игра на „Олд Трафорд“. На последниот ден од зимскиот преоден рок Сабицер успешно ги помина лекарските прегледи.
„Црвените ѓаволи“ официјално објавија дека Австриецот ќе игра како позајмица до јуни 2023 година, односно до крајот на оваа сезона.
Севкупно запиша 443 меѓународни настапи, вклучувајќи 54 откако се приклучи на германскиот шампион во август 2021 година.
Претходно беше капитен на РБ Лајпциг, а за репрезентацијата на Австрија има 68 натпревари.
– Понекогаш во животот треба да донесете брзи и важни одлуки. Од моментот кога слушнав за оваа можност знаев дека е вистинска за мене. Сакам да победувам и да му помогнам на клубот да ги постигне своите цели оваа сезона. Чувствувам дека сум на својот врв како играч и дека можам да придонесам со многу искуство и енергија во тимот. Возбуден сум што ќе започнам со моите нови соиграчи и менаџерот и да ги покажам моите квалитети на навивачите на Манчестер јунајтед – рече Сабицер за клупскиот сајт.
Welcome to United, Marcel Sabitzer 👊#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) February 1, 2023