Марс влегува во Овен на 25 мај: Храбро и самоуверено кон остварување на целите

ренесанса
Фото: Unsplash / Lukas Meier

Марс влегува во Овен на 25 мај, каде што ќе остане до 5 јули 2022 година. Во овој период храбро, бесрамно и самоуверено ќе се движиме кон остварување на нашите цели. Енергијата на Марс во Овен ќе ја поттикне мотивацијата и ќе ја зајакне желбата за победа и да добиеме сè за што копнееме.

Марс во знакот Овен се чувствува како дома и таму неговата моќ е засилена. Под тоа влијание ќе почувствувате дека вашата енергија ќе биде спонтана, ќе се стремите кон подобро и ќе бидете похрабри. Натпреварувачкиот дух ќе биде добро развиен, а вашата единствена цел ќе биде да победите! Ќе бидете активни, фокусирани и самоуверени.

Голем неделен хороскоп (23-29 мај): Водолиите ќе треба брзо да реагираат, Близнаците ќе бидат несигурни

Вашите постапки ќе бидат директни, инстинктивно ќе го наоѓате најбрзиот начин да стигнете од точка А до точка Б. Лошата страна на Марс во Овен е склоноста да биде нетрпелив, арогантен, импулсивен и егоцентричен.

Кон вашите цели ќе се движите храбро, самоуверено, без срам и директно, а истото важи и за изразувањето на гнев. Ќе сакате да бидете први и сами да ги правите работите – вашата независност, претприемништво и иницијатива ќе бидат повидливи.

Овој транзит е одличен за потфати кои бараат храброст и силна, но истиот не мора да значи трајна страст и енергија. Нема да сакате да гледате назад или да размислувате премногу – ќе се занимавате само со она што можете да го постигнете во моментов.

Заблуди за хороскопските знаци во кои сите веруваат

Бидејќи Марс е воин на небото, а Овенот има намера да го достигне самиот врв по секоја цена, оваа комбинација може да го запали вашиот внатрешен оган. Можеби ќе се чувствувате поконкурентни и посигурни, но и поимпулсивни и агресивни.

На 29 мај Марс ќе формира огнена врска со Јупитер, планетата на среќата и изобилството, која неодамна го започна својот повеќемесечен престој во знакот Овен. Јупитер проширува се со што ќе дојде во допир, па во овој случај ќе го зголеми обемот на желбата на Марс да се дојде до врвот. Сепак, треба да се напомене дека со Меркур, кој е сè уште ретрограден до 3 јуни, би можело да биде тешко да се постигне онаква енергија кон која Овенот секогаш се стреми.

Најсреќен ден во неделата за секој хороскопски знак

На 15 јуни, Марс ќе се спои со Хирон, кој исто така се движи низ знакот Овен. Астероидот, познат како „ранетиот исцелител“, зборува за нашата способност да се лекуваме себеси, а потоа да ги водиме другите по истиот пат. А во врска со Марс може да се разбуди фундаментален гнев и болка. Но, ќе имате единствена можност да процесирате на продуктивен начин.

Марс во Овен, исто така, ќе се судри со Плутон на 1 јули, а овој променлив аспект би можел да отстапи место за борби за моќ, па затоа може да биде најдобро време за зголемена свесност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот