Марота: Зошто Лукаку не игра? Затоа што има 103 килограми…

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Ромелу Лукаку веќе неколку недели е во втор план кај Симоне Инзаги, а вчера против Порто беше херој откако влезе во средината на второто полувреме. Белгиецот го постигна голот во финишот и така го обезбеди триумфот за својата екипа во првиот осминафинален натпревар.

Порто од 78-тата минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Отавио, Лукаку во листата на стрелци се запиша четири минути пред крајот на натпреварот. По натпреварот спортскиот директор на Интер, Бепе Мартоа доби прашање зошто Лукаку е резерва.

„Зошто Лукаку е на клупа? Затоа што носи 103 килограми на себе и не е спремен. За еден играч да биде во првиот состав мора да биде 100 спремен, тој во овој момент не е и чекаме да се врати“, изјави Марота.

Сепак, тежината не е единствената причина.

„Имаше лоша сезона во која настапи на Светското првенство. Од враќањето во Интер не го даде она што може да го даде, но убедени сме дека може да се врати во вистинската форма и да биде важен играч за нас“, додаде Италијанецот.

Лукаку беше вистински лидер на Интер во шампионската сезона 2020/2021, а тогаш „нероаѕурите“ го продадоа на Челси за сума од 115 милиони евра, во Челси не се прослави и минатото лето се врати на позајмица.

Покрај Челси и Интер, Лукаку играше уште за Андерлехт, Вест Бромвич, Евертон и Манчестер Јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот