Марота се откажа: Јувентус ја освојува титулата

Со вечерашното дерби помеѓу Интер и Рома стартува 15. коло во Серија А каде изненадувачки, на првото место се наоѓаат токму „нероаѕурите“ со еден бод предност во однос на Јувентус.

Најзаслужен за одличните игри на Интер сезонава покрај тренерот Антонио Конте е и директорот Бепе Марота кој направи неколку одлични потези во летниот преоден рок. Сепак, иако е лидер на табелата, Марота смета дека неговиот тим нема да го освои скудетото, туку титулата повторно ќе ја освои Јувентус.

– Досега се одиграни 14. кола, но знаеме дека освојувањето на Скудетото во првата сезона е речиси невозможно. Јувентус има два тима, имаа квлаитет играч на секоја позиција и мислам дека повторно ќе ја освојат титулата. Во секој случај мора да признаам дека не очекував ваков добар учинок од Конте во неговата прва сезона на клупата на Интер – изјави Марота.

Доминацијата во Серија А на Јувентус трае веќе осум години, но Интер засилен од поранешното дуо од Јувентус, Конте на клупата и Марота во управата, е повеќе од достоен ривал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот