Марота: Ќе најдеме начин да се ослободиме од Икарди

Спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота верува дека ќе успее да пронајде формула со која поранешниот капитен Мауро Икарди ќе го напушти клубот до крајот на преодниот рок.

Икарди бидејќи не сакаше да потпише нов договор со Интер, а потоа и ги одбиваше понудите за да го напушти клубот, не се наоѓа во плановите на тренерот Антонио Конте. Тој веќе поднесе тужба против Интер, но Марота се надева дека ќе се пронајде решение на задоволство на двете страни.

– Имаме уште три дена до крајот на преодниот рок, но се надевам дека се ќе се реши на позитивен начин. Не можеме да зборуваме јавно, но ние работиме одговорно и за доброто на клубот – вели Марота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот