Мароко ги затвора аеродромите за летови од странство

Фото: ЕПА/ЕФЕ

Властите во Мароко соопштија дека во следните две недели се затвораат сите аеродроми во североафриканската земја за летови од странство, почнувајќи од понеделник навечер.

Мерката е донесена поради страв од ширење на новата, високо мутирана верзија на Ковид-19, наречена омикрон, соопшти владината комисија.

„Одлуката е донесена поради брзото ширење на новата варијанта Омикрон, посебно во Европа и Африка, а со цел да се заштити здравјето на мароканските граѓани”, соопшти комисијата за следење на ситуацијата со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот