Мароканска чорба од црвена леќа: Веганска, без глутен и полна со растителни протеини

принтскрин/Youtube

За сладокусци и вегани истовремено, оваа мароканска чорба е одличен рецепт за зимските месеци. Таа е топла и вкусна, а е здрава и со ниска калориска вредност. Се подготвува релативно брзо и многу лесно.

Потребни состојки:
• 2 супени лажици маслиново масло
• 250 гр црвена леќа, убаво измиена
• 1/2 црвен кромид, исечен на парчиња
• 2-3 чешниња лук, иситнет
• 1/2 конзерва варен домат или 250 мл доматно пире
• 3 моркови, исечени на парчиња
• 1 кафена лажица ким
• 1 кафена лажица куркума
• 1 кафена лажица буковка (може да биде комбинација на блага и лута, по вкус)
• 1/4 кафена лажица цимет
• 1 коцка супа од зеленчук, растворена во топла вода
• сол и бибер, по вкус

Приготвување:
• Загрејте ги двете лажици маслиново масло и во нив ставете ги да се динстаат кромидот и лукот. Кога ќе омекнат додадете ги зачините и динстајте ја смесата уште малку. На тоа додадете ги морковите и динстајте ги додека и тие не омекнат, околу 10-15 минути. По потреба додавајте од растворената супа.

• Додадете ги доматите, леќата и остатокот од супата, промешајте и оставете ја чорбата да се вари на тивок оган околу 20 минути, или додека не омекне и леќата.

• Иако чорбата може да се јаде веќе кога ќе се зготви и леќата, целосниот рецепт бара да ја изблендирате додека смесата да стане кремаста. Овој чекор зависи од вас.

При сервирањето можете да додадете свеж коријандер, уште буковка и сок од лимон. А овој рецепт можете да го комбинирате со некаква салата, со наан леб или било каква погача и хумус, а можете и да додадете наут или кускус во самата чорба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот