Мароканецот Ел Бакали ја прекина 37-годишната доминација на Кенија

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Софиан Ел Бакали од Мароко стана олимписки шампион во трката на 3000 метри стиплчес на Летните олимписки игри кои се одржуваат во Токио, Јапонија.

Дождот им ја отежна задачата на учесниците во текот на трката, а на крајот Мароканецот Ел Бакали заврши првопласиран со време од 08:08.90 минути.

Ел Бакали беше осми на 1000 метри, по 2000 го имаше петтото место, а на крајот се проби до врвот.

Освојувањето на олимпиското злато е најголемиот успех во кариерата на 25-годишниот атлетичар, кој во својата колекција има уште сребро и бронза од светските првенства.

На тој начин беше воедно прекината доминација на Кенија која во оваа дисциплина во низа од 1984 година ги освојуваше златните медали (вкупно девет по ред). Последен пат Кенијците не освоија златен медал на Игрите во Москва 1980 година кога триумфираше Полјакот Бронислав Малиновски.

Ел Бакали го освои првиот медал за Мароко во Токио, потоа на второто место се најде Етиопјанецот Ламеча Гирма со време од 8:10,38 минути, додека Кениецот Бенџамин Киган дојде до третото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот