Маркоски и Трапановски се новите играчи на Академија Пандев

фото: facebook.com/fkakademijapandev/

Двајцата крилни напаѓачи доаѓаат како големи засилувања и за првпат позираат во домашниот и гостинскиот дрес за новата сезона.

Непосредно пред новата натпреварувачка сезона 2020/21, беа промовирани нови засилувања во редовите на прволигашкот Академија Пандев.

Нови „пандевци“ се Кире Маркоски и Кристијан Трапановски, двајцата крилни напаѓачи доаѓаат како големи засилувања и за првпат позираат во домашниот и гостинскиот дрес за новата сезона.

Маркоски е сениорски репрезентативец на Македонија и доаѓа од екипата на Карвина (Чешка). Освен за тимот на Карвина, 25-годишниот крилен фудбалер во својата кариера има настапувано и за екипите на АЕЛ Лимасол, Спартак Трнава, Работнички и Македонија ЃП.

Трапановски е младински репрезентативец на Македонија и е повратник во тимот на Академија Пандев.

20-годишниот Кико е првиот играч со трансфер од Академија Пандев во некој европски клуб, односно во тимот на Славија Прага. Во својата кариера уште има настапувано и за тимовите на Татран Прешов, Викторија Жишков и Подбрезова.

Потсетување, играчите на тренерот Александар Таневски првиот меч во шампионатот ќе го имаат в недела (9. август) на стадионот „Тумбе Кафе“ во Битола против Пелистер (17.30 часот). Главен судија на овој дуел е Игор Стојчевски од Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот