Марколини пред дуелот со Македонија: Фудбалот се игра на теренот и сè може да се случи

фото: mfa.com.mt

Малта е првиот противник на македонската А репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

Овој натпревар ќе се игра в четврток од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје, а главен судија ќе биде Кристо Товер од Естонија.

Селекторот на Малта, Микеле Марколини вели дека неговите играчи се наоѓаат во една многу тешка група заедно со Италија, Англија, Украина и Македонија.

– Знаеме дека натпреварот со Македонија ќе биде тежок, всушност ова е тешка група, но ние ќе го дадеме максимумот. Малта е мала земја и ние ќе ги почитуваме нашите противници, но фудбалот се игра на теренот и сè може да се случи. Многу сум среќен од напорите и посветеноста на играчите во изминатите денови и со нетрпение очекувам да ја започнеме оваа нова авантура заедно со нив. Фудбалерите мора да играат, да бидат храбри и без страв да се соочат со ривалите – вели Марколини кој в четврток ќе дебитира на селекторската клупа на Малта.

Еден од најискусните во составот на Малта е 35-годишниот дефанзивец Стив Борг.

– Ќе работиме напорно за да се подготвиме за претстојните осум натпревари. Свесни дека секој меч е предизвик, ние сме целосно фокусирани за утрешната пресметка со Македонија, а потоа ќе размислуваме за Италија – се зборовите на Борг.

Милевски пред натпреварот со Малта: Во денешниот фудбал не постојат фаворити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот