Марко Кизиќ од Вардар се сели во Е. Пелистер

epa09028325 Vardar's goalkepeer Marko Kizik reacts during the EHF Champions League handball match between HC Vardar 1961 and Elverum Handball in Skopje, Republic of North Macedonia, 21 February 2021. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Младиот голман на македонската репрезентација, Марко Кизиќ е нов ракометар на Еурофарм Пелистер со кого потпиша тригодишен договор. 20-годишниот Кизиќ потпиша договор со битолскиот клуб и ќе ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција.
Овој млад голман доаѓа од Вардар, висок е 190 сантиметри, а тежок 89 килограми. Кизиќ веќе има искуство од настапи во Лигата на шампионите, а во новиот клуб ќе се приклучи по завршувањето на сезоната.

фото: Е. Пелистер

Кизиќ имаше одлични настапи за Вардар во Лигата на шампионите посебно минатата сезона, но оваа сезона е во сенка на Борко Ристовски кој е прв голман на вардарци, а шансите за добивање на поголема минутажа во следната сезона се намалуваат бидејќи „црвено-црните“ го договорија репрезентативниот голман Мартин Томовски.
Официјалната презентација на Марко Кизиќ ќе се одржи пред почетокот на сезоната 2021/22 во Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот