Марко е нашиот херој! Тој го прекина маратонот, но испрати МОЌНА порака!

фото: ohridnews.com

Малиот херој Марко Пејчиновски беше приморан да го прекине соло-маратонот поради болки во ногата.

„Желбата и волјата се крилја за големи дела.“
Нашиот Марко имаше силна желба и цврста волја да плива делница која е вистински предизвик за професионалните маратонци, а не за еден тринаесетгошник. Сепак, поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести. Марко изминаа 4 часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро и мина 11 километри и 840 метри.
Утре сите заедно да ја дадеме нашата поддршка, да придонесеме за подигнување на свеста за ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ и да бидеме НИЕ тие што ќе ја направат разликата!, соопштија од тимот на Марко.

Марко Пејчиновски синоќа нешто пред полноќ по речиси петчасовно пливање, го прекина маратонот долг 64 километри на релација Охрид-Свети Наум-Струга-Охрид, поради болки во ногата.

Сепак, тој успеа да ја испрати неговата порака: „Care for rare“, односно да се крене свеста за лицата со ретки болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот