Маркез продолжува да доминира во Мото ГП, ја освои и Австралија

twitter/motogp

Возачот на Хонда, Марк Маркез на патеката „Филип Ајленд“ ја оствари петтата победа по ред, а 11. оваа сезона и вкупно 81 во кариерата, откако на стартот од последниот круг го помина возачот на Јамаха, Маверик Вињалес.

Вињалес кој трката ја стартуваше од пол позицијата на крајот остана и без победничкиот подиум бидејќи веднаш откако го загуби водството направи грешка која ја искористија Кал Крачлоу и Џек Милер.

Шпанецот Маркез на две трки до крајот на сезоната има 375 бодови, дури 135 повеќе од второпласираниот Андреа Довициозо од Дукати. Следната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози веќе наредниот викенд на патеката „Сепанг“ за Големата награда на Малезија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот