Маркез пред Роси до пол позиција на Силверстоун

EPA-EFE

Членот на „Хонда“, Марк Маркез ќе стартува од пол позицијата на 12 трка сезонава во Мото ГП шампионатот кој што в недела ќе се вози за Големата награда на Велика Британија.

Во првиот ред на стартот од главната трка, в недела од 14.00 часот, ќе се најде уште Џек Милер кој ги брани боите на „Прамак Дукати“.

Австралиецот за само 10 илјадити делови од секундата беше пред Фабио Квартараро на „Петронас Јамаха“, а разликите меѓу возачите кои следуваа исто така беа мали.

Помалку од шест десетинки ги делеа првите седум натпреварувачи, а зад Квартараро се најдоа Алекс Ринс на „Сузуки“, вториот возач на „Јамаха“, Маверик Вињалес и Андреа Довициозо на „Дукати“.

Во генералниот пласман моментно води Маркез со 230 бодови, пред Довициозо кој има 172.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот