Маркез ја украде пол позицијата на Квартараро

EPA-EFE

Актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман во Мото ГП, Марк Маркез ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за ГН на Италија. Маркез до пол позицијата дојде во последните моменти од квалификациите и тоа со време од 1:45.519 минути и тоа благодарение на најголемиот конкурент Андреа Довициозо.

Имено, Маркез возејќи зад Довициозо, ја искористи заветрината од ривалот и успеа да дојде до пол позицијата. На второто место се најде возачот на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро, додека трето најбрзо време имаше Данило Петручи од Дукати. Довициозо имаше деветто најбрзо време, но вистинки дебакл му се случи на поранешниот шампион, Валентино Роси кој ќе стартува од 18. позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот