Маркетиншки потег на векот, производител на пиво ги почести сите голмани кои се „матирани“ од Меси

Производителот на алкохолни пијалоци „Бадвајзер“ направи неверојатен маркентиншки потег на векот по повод јубилејот на Лионел Меси.

Имено, Аргентинецот во победата на Барселона над Ваљадолид постигна гол со што го собори рекордот на Пеле.

Меси дојде до бројката од 644 гола за Барселона и постави светски рекорд кога станува збор за постигнати голови за ист клуб и поради тоа од Бадвајзер одлучија да направат специјален контингент на 644 шишиња пиво кои ги испратија на сите голмани кои примиле гол од Меси, а тоа се вкупно 160 голмани.


Нормално некои голмани добија повеќе од едно шише, а највеќе доби голманот на Фламенго кој порано бранеше за Валенсија, Диего Алвес, кој дури 21. пат бил совладан од Лионел Меси. Потоа на листата следат Горка Ираисос со 18, а Андрес Фернандес и Икер Касилјас за новогодишните и божиќните празници ќе моќат да испијат по 17 шишиња од ова специјално пиво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот