„Марка“ тврди дека е готово: Мбапе утре ќе потпише за Реал Мадрид

Фудбалерот го истера своето, го натера ПСЖ да попушти и да му дозволи да се пресели во Реал Мадрид/ фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе биде нов фудбалер на Реал Мадрид, а шпанскиот весник „Марка“ тврди дека утре Французинот ќе биде претставен на „Сантијаго Бернабеу“.

Денеска Реал Мадрид достави втора понуда за Мбапе, 170 милиони евра плус дополнителни 10 милиони во бонуси која ПСЖ ја одби, но потоа на сцена стапи самиот фудбалер. Имено, Мбапе на денешната средба со челниците на ПСЖ им порача дека нема намера да потпише нов договор и доколку не ја прифатат понудата на Реал Мадрид, тогаш идното лето ќе си замине како слободен играч. Поради ова, ПСЖ ќе ја прифати понудата на Мбапе.

„Марка“ пишува дека трансферот во наредните часови треба да биде официјализиран и најверојатно новиот „галактикос“ утре ќе пристигне во Мадрид на лекарски прегледи.

Мбапе му се закани на ПСЖ: Или прифатете ги парите на Реал или идната година си одам на нула евра

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот