„Марка“: Сега е јасно дека Зидан има сериозен проблем!

фото: твитер

Во рамките од второто коло во најсилното шпанско првенство, Реал Мадрид во својот прв натпревар сезонава само ремизираше без голови на гостувањето кај Реал Сосиедад (0:0).

„Кралевите“ се бранители на шампионската титула во „Ла Лига“ од минатата сезона, но како да недостасуваше креативност во играта на фудбалерите на тренерот Зинедин Зидан на вчерашниот меч.

Имаа неколку солидни шанси, но на крајот без завршница со која би го скршила отпорот на противникот. Најдобар играч на Реал Мадрид на овој меч беше Рафаел Варан, а одличен беше и голманот Тибо Куртоа.

Фото: EPA-EFE/Javier Etxezarreta

На клупата остана Касемиро, шанса доби младиот Мартин Одегард, но скоро и да беше „невидлив“ против својот поранешен клуб. Зизу се обиде со замените како Марвин и Арибас, но не беше доволно. После овој натпревар повторно е актуелна старата теза, на Реал му недостасуваат голови. Според шпанската „Марка“, Зидан сака само еден од четворица напаѓачи кои ги има, управата не сака да купи петти напаѓач.

Бразилците Родриго и Винисиус не се покажуваат како најдобри решенија, проблеми со физичката подготвеност имаат Азар и Асенсио, потоа Мариано Диаз не е во плановите на клубот, па како единствена класична „деветка“ се одвојува само Бензема.

– Тренерот на Реал нема да се откаже од својот систем. Секогаш играше со еден напаѓач и двајца крила. Претходно Кристијано Роналдо беше крило, но сега клубот нема играч кој би бил блиску до неговите 40, а камоли 50 – пишува шпанскиот весник „Марка“.

Фото: EPA-EFE/David Ramos/POOL

– Сè ќе биде подобро следното лето

Реал имаше големи планови за ова лето, но истите се одложија за следното лето поради пандемијата на ковид-19. Првиот човек на екипата, Флорентино Перез одржува добри односи со ПСЖ и во 2021 година се очекува да го донесе Килијан Мбапе, што би го решил сегашниот проблем на францускиот стратег. Нему треба да му се придружи Едуардо Камавинга од Рен, а за летото 2022 година, Реал го подготвува трансферот на Ерлинг Халанд од редовите на Дортмунд.

Дотогаш, Зидан треба да се справи со она што го има во соблекувалната. Бензема минатата сезона постигна 27 гола на 48 натпревари, што е одлична статистика. Но, Бензема ќе наполни 33 години во декември и не изгледа дека Зидан има соодветна замена за неговиот сонародник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот