„Марка“: Пандев е лидерот, Македонија како „Пепелашка“ на Европското првенство

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денеска на точно еден месец до почетокот на Европското првенство и еден од најпознатите шпански спортски медиуми „Марка“ започна да го најавува големиот фудбалски настан годинава, со интересни податоци, презентирање на стадионите, репрезентациите помеѓу кои и најдобрата македонска селекција.

Популарните „рисови“ предводени од селекторот Игор Ангеловски ќе играат во Букурешт и Амстердам следниот месец, а ривали им се редоследно Австрија, Украина и Холандија.

Во делот за македонската А репрезентација изворот вели дека оваа балканска селекција е единствената која е дебитант на овој континентален собир благодарение преку настапот во Лигата на нации што беше план на УЕФА за помалите земји да добијат шанса да учествуваат на ЕП.

Тамошните новинари ја дефинираат Македонија како „Пепелашка“ на Европското првенство кое ќе се одржи во повеќе градови.

– Со Пандев, на 37-годишна возраст како лидер, „наследниците“ на Филип Втори и Александар Велики тргнаа како „Пепелашка“ на Евро 2020, но нивното бунтовно предупредување не беше мало: победувајќи ја Германија во квалификациите за Светското првенство во Катар – пишува „Марка“.

Французите предвидуваат, Македонија на ЕП ќе напаѓа со Пандев и Трајковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот