„Марка“ објаснува зашто Роналдо нема да се врати во Реал Мадрид

twitter.com/FansTribeHQ

Веста која неодамна се проструи низ медиумите, се чини дека е без основи според мадридскиот весник..

Кризата со коронавирусот жестоко удри по спортот и фудбалот како најпопуларен спорт на планетата, а не гиодмина ниту најголемите екипи.
Италијанскиот шампион Јувентус поради неиграњето губи десетици милиони евра месечно и поради тоа челниците на екипата сериозно размислуваат да се разделат од Кристијано Роналдо чија годишна плата изнесува 30 милиони евра.

Веднаш по ваквите најави низ медиумите проструи вест дека Португалецот ќе се врати во Реал Мадрид од каде пред две години премина во Јувентус.

Шпекулациите за сензационален трансфер се зголемија откако Роналдо неодамна присуствуваше на „Сантијаго Бернабеу“ за да го следи Ел Класико.

Сепак, денеска спортските весници кои се блиски до Реал Мадрид, „Марка“ и „Ас“ пишуваат дека нема шанси да се Кристијано Роналдо да се врати во Мадрид.

Според весниците, Португалецот не се вклопува во политиката и финансиската конструкција и Реал нема намера да му дава плата од 30-тина милиони евра.

Планот на Реал е наредното лето со сите сили да тргнат по ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, чиј трансфер би го соборил светскиот рекорд и поради тоа претседателот Флорентино Перез нема намера да троши огромна сума на пари за Роналдо.

Освен тоа, минатата година од Челси беше купен Еден Азар токму како замена за Роналдо и тоа на инсистирање на тренерот Зидан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот